По повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани беше организиран ликовен перформанс на кој твореа ученици од Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани.
Под мотото „Подари цртеж во замена за цвеќе“ учениците со своите цртежи на еден симболичен начин им го честитаат 8-ми Март на сите сегашни и идни мајки.
Годинава освен ученици од школата во перформансот беа вклучени и други дечиња кои твореа цртежи на плочникот во „Паркот на Револуцијата’ со што на некој начин го разубавија и му дадоа некоја нова димензија.
Секоја чест за идејата и реализацијата
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ