Kавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, по четврти пат го преплива езерото Гратче. Со поддршка од СЗР „Кочански рибар“ Илиев пливаше грбно, краул и пеперутка, по сончево и исклучително топло време.
Лекарот и продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање им порача на граѓаните да ги користат условите со кои располага Кочани и што повеќе да ги практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности.
Градоначалникот Љупчо Папазов му изрази благодарност на д-р Илиев, кој веќе традиционално го промовира Гратче како туристички потенцијал на Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ