ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 8 АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

април 8, 2024
1 минути

Општина Кочани започна со одбележувањето на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите во соработка со ромски граѓански здруженија. Утрово на јарболите пред општинската зграда беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница.

Одбележувањето на 8 Април ќе продолжи на 11 април со одржување на трибина под наслов „Ромите во Кочани денес“ која ќе се одржи во Мултикултурниот центар (сала на кат) со почеток во 11 часот. Исто така на 11 април ќе се одржи и културно-уметничка програма со почеток во 17 часот на Градскиот плоштад, каде ќе настапат повеќе музички интерпретатори, оркестри, диџеи, а публиката ќе има можност да проследи и стендап комедија.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ