ПОЧНУВА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИ ВО КОЧАНИ, ДОЛНИ ПОДЛОГ И ПРИБАЧЕВО

јуни 26, 2026
0 минути

Почнуваат градежни активности на осум улици во Кочани и во населените места Долни Подлог и Прибачево.

Избраниот економски оператор „Гама градба“ веќе започна со работа на улиците „8“ и „11“ во Долни Подлог, каде што во тек е подготовка на теренот. Градежните активности ќе продолжат и во Прибачево, на улиците „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, како и во Кочани – на улиците „Боро Ловџија“, „Илинденска“, „Јане Сандански“ и „Искра“.

Со рехабилитацијата ќе се подобри пристапноста и безбедноста во сообраќајот, ќе се олесни секојдневното функционирање на жителите и ќе се создадат подобри услови за движење на пешаците и возилата.

Средствата за реализација на овие активности се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани преку Програмата за уредување на градежно земјиште, а вкупната вредност на договорот изнесува 7.938.203 денари со вклучен ДДВ.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ