В петок, 2 декември, од 10 до 13 ч., во Градскиот парк – при неповолни временски услови во Спортската сала „Никола Карев“ – Општина Кочани организира културно-уметничка програма со која ќе го одбележи Денот на лицата со попреченост.
Под мотото „За подобар видик“, ќе настапат деца од училиштата меѓу кои и инклузирани ученици со попреченост, членови од Литературен клуб „Копнеж“, а ќе присуствуваат и членови од здруженијата на лица со попреченост. Целта е да се зголеми нивната видливост, да се зближат со заедницата и директно да се вклучат во активностите посветени на нив.
Настанот ќе биде збогатен со продажни штандови, а собраните пари ќе бидат наменети за нагледни и дидактички помагала на учениците со попреченост.
Како дел од овој настан е и продажбата на уметнички слики изработени од учесници на ликовните колонии организирани изминативе години од Општина Кочани. Уметничките слики се продаваат по симболични цени и можат да се разгледаат на: https://drive.google.com/drive/folders/1RpF7yfE6O0AHcawfpldyRwMOF9anI0Xi?fbclid=IwAR1ZLwf-ZPOcSc8HtOiSCzXjUX_BY679XBRWmJEevre1Y4w8f7DZdxAlW3Q, а ќе бидат изложени и на самиот настан. Средствата од продадените слики ќе бидат наменети за набавка на асистивна технологија на лицата со попреченост.