Градежната оператива на изведувачот „Стоименов“ продолжува со крпење на ударните дупки и оштетените асфалтни површини во Кочани Денеска се работеше во кругот на Општа болница со проширена дејност – Кочани, каде што се поправени сите оштетувања на асфалтот.
Активноста доаѓа по завршеното уредување на зелените површини во дворот на болницата, реализирано по иницијатива на вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски, а со цел граѓаните од микрорегионот што ги користат услугите на оваа јавна установа, да имаат оптимални улови за движење и чувство на безбедност.
Крпењето на ударните дупки и оштетените асфалтни површини во кругот на Општа болница – Кочани е со средства од Буџетот на Општина Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ