ПОРАДИ НЕИМИРЕН ДОЛГ КОН ЕДС – СКОПЈЕ, ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ВО КЈП „ВОДОВОД“

октомври 20, 2022
0 min read

Поради неизмирен долг кон ЕДС – Скопје денес е прекината испораката на струја во КЈП „Водовод“ – Кочани. Неколку објекти од КЈП „Водовод“ останаа без струја.

Освен во управната зграда, струјата е исклучена и во Стопански двор а во чија непосредна близина е и градската капела.

Извесен период се зборува дека долгот е поголем од десет милиони денари, но до затворањето на текстот не добивме никаква информација од надлежните во претпријатието за да се дознае колку изнесува целиот долг.

Дознаваме дека сепак се преземени мерки да се обезбеди електрична енергија во градската капела и на бензинската пумпа лоцирана во Стопански двор како би и понатака функционирале возилата за комунална хигиена.

Во текот на утрешниот ден се очекува некој да им соопшти на граѓаните како понатака ќе функционира претпријатието.

С. Ивановски