ПОСТАВЕНА ЗАШТИТНА ОГРАДА НА СКАЛИТЕ НА УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО КОЧАНИ

јануари 14, 2026
0 минути

Со цел да се зголеми безбедноста на пешаците, на почетокот на улицата „АСНОМ“ во Кочани е поставена заштитна ограда на скалите. Оваа интервенција е реализирана како превентивна мерка за намалување на ризикот од незгоди при движењето, особено во услови на зголемена фреквенција на сообраќај и стрмен терен.

 

Улицата „АСНОМ“ се спојува со „Кеј на револуцијата“, во непосредна близина на Градскиот парк, каде што секојдневно се движат голем број пешаци и возила. Скалите водат кон стрмна угорнина, што дополнително ја зголемува опасноста, особено за повозрасните граѓани, децата и лицата со отежнато движење.

 

Поставувањето на оградата има за цел да обезбеди посигурно движење на пешаците и да придонесе кон унапредување на јавната безбедност во овој дел од градот.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ