По иницијатива на членот на Советот на Општина Кочани од Независната советничка листа, Влатко Здравков, решен е долгогодишен и сериозен безбедносен проблем за жители од улицата „14 Бригада“ во Кочани.
Жителите со години се соочувале со опасност при движењето поради постоење на провалија, која претставувала директна закана по здравјето и животите на минувачите, а особено за децата. Во минатото биле регистрирани и несреќи кај пешаци со тешки последици по здравјето.
По поднесената иницијатива од Здравков – брза реакција од Општина Кочани.
Градоначалникот Владко Грозданов соопшти дека на ризичната локација е поставена соодветна заштитна ограда, со што значително е зголемена безбедноста за движење и трајно е надминат алармираниот проблем.


Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
