ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ВИНИЦА СО ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО МОЈАНЦИ

мај 18, 2023
0 минути

На 16 мај, во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за проектот  „Поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Кочани“.

Договорот за проектот го потпишаа и другите крајни корисници, градоначалникот на Општина Виница, директорите на двете комунални претпријатија „Солидарност“ од Виница и „Водовод“ од Кочани и министерката за животна средина.

Проектот вклучува делумна рехабилитација и проширување на канализацискиот систем и системот за атмосферска вода во Општина Виница, со што ќе се реши и поврзувањето на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и на кочанските населени места Грдовци и Прибачево.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од програмата ИПАРД 3, преку Секторот за спроведување на ИПА во Министерството за животна средина.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ