Денеска, во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморнадум за соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип за реализација на проектот „Уредување на паркот во месноста Бавчалук“.
Со проектот целосно ќе се уредува паркот во месноста Бавчалук и опфаќа обновување на терените за мал фудбал и кошарка, обновување на подлогата, замена на таблите, обрачите на кошовите и стативите на фудбалското игралиште, а терените ќе бидат збогатени и со дополнителни нови содржини. Ќе претстои санација на постојните летниковци, поставување на нови клупи и корпи за отпадоци, како и пошумување на околу 100 зимзелени и листопадни дрвја.
Вкупната вредност на проектот изнесува 3.781.720 денари, од кои 1.050.000 денари се обезбедени од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а останатите средства од буџетот на Општина Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ