ПОЖАРНИКАРИ И ДОБРОВОЛЦИ ОД КОЧАНИ НА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА И КАЈ БЛАТЕЦ

јули 22, 2022
0 минути

Во гаснењето на пожарот кој вчера избувна кај селото Митрашинци (Берово) и оној кој денес што се појави над селото Блатец (Виница) активно учество зедоа и пожарникари од ТППЕ – Кочани и од ДПД – Кочани.

Во гаснењето на пожарот кај Митрашинци испратено е едно противпожарно возило, еден пожарникар и четири доброволци од Доброволното Противпожарно Друштво од Кочани, додека кај селото Блатец испратено е едно возило двајца пожарникари и тројца доброволци.

Дознаваме дека и двата пожари се ставени под контрола и се дејствува на нивно конечно елиминирање.

С. Ивановски