ПОЗНАТИ ИМИЊАТА НА НАГРАДЕНИТЕ НА ГОДИНЕШНИОТ „АФКО 2024“

март 26, 2024
1 минути

Жирито во состав Ацо Ѓорѓиев – претседател, м-р Зоран Јовановиќ и м-р Доне Донев, членови за оценување на пристигнатите афоризми на Конкурсот на „АФКО 2024“, работеше онлајн од 22 до 25 март 2024 година при што ги разгледа пристигнатите авторски сетови на тема „МАЖ – ЖЕНА, ЉУБОВ, ЉУБОМОРА“ и ја донесе следнава:

ОДЛУКА

Првата награда му се доделува на Ристо Филчевски од Струмица, Втората награда му се доделува на Миле Ѓорѓијоски од Делчево и Третата награда му се доделува на Атанас Крлевски од Велес. После наградените, највисоки оцени од жирито добија афоризмите на Јане Атанасов и Чедомир Шопкиќ. На овие автори жирито им доделува Пофалници.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

На конкурсот, што го распиша ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија“, на тема тема „МАЖ – ЖЕНА, ЉУБОВ, ЉУБОМОРА“, пристигнаа 30 пратки со афоризми од 24 автори. Од нив двајца се изјасниле дека учествуваат вон кнкуренција и нивните афоризми не беа оценувани. Квалитетот на останатите афоризми, кои се бореа за наградите, варираше. Сепак се издвои една група на автори чии афоризми заслужуваа награда. Но, бидејќи организаторот доделува само три награди, жирито предлага да се доделат и две пофалници на афоризмите на кои за малку им побегнаа наградите. Имињата на авторите на тие афоризми се наведени погоре.

Жирито им се заблагодарува на сите автори кои испратиле свои афоризми а на оние кои годинава не добиле награди им посакува да се закитат со некоја од наградите во некоја од наредните години.

Ацо Ѓорѓиев

Претседател на жирито

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ