И КОЧАНИ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНОТО МОТО-РЕЛИ „МАКЕДОНИЈА НЕЗАВИСНОСТ“

септември 7, 2024
1 минути

Кочани по петти пат годинава беше попатна станица како дел од Меѓународното мото-рели „Македонија независност“ кое по 33-ти пат го организира Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

Домаќин на околу 400 мотоциклисти и годинава беше Мото Клуб „Желки“ од Кочани кој на своите гости  им обезбеди храна, пијалаци и неколку часа одмор пред долгиот пат кој треба да го поминат во овие три дена.

По паузата во Кочани караванот од моторџии замина преку Виница и Берово за Струмица каде исто како и во Кочани ќе имаат мал одмор по што денешниот ден го завршуваат во Дојран каде имаат обезбедено ноќевање проследено со забава.

За утрешниот ден кога Македонија го слави празникот моторџиите преку Гевгелија ќе се упатат во Тиквешкиот регион а во Кавадарци ќе имаат кратка пауза. Потоа заминуваат за Прилеп, Битола па преку Галичица ќе пристигнат во Охрид каде имаат ноќевање и забава.

Последниот ден преку градовите во Западна Македонија моторџиите ќе стигнат до целта а тоа е градот Скопје.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ