ПРЕС НА ЉУПЧО ПАПАЗОВ, КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД ВМРО ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА

октомври 27, 2021
1 min read

„Денеска имаме прекрасен ден за дружба со граѓаните. Голема благодарност до мојата матична партија, благодарност до граѓаните на Кочани кои го дадоа својот глас за број седум“ рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов.

Папазов повика на масовмо излегување на граѓаните во недела, со цел да ги казнат погубните политики кои ги води СДСМ, да ја казнат ова локална самоуправа која му помогна на Заев да тргува со основните национални вредности.

„Секој глас за Николчо Илијев, е глас за Зоран Заев. Затоа почитувани сограѓани на 31 Октомври гласајте за број 7, гласајте за промени, гласајте за проекти, гласајте за победи“, рече Папазов.

С. Ивановски