ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМБАСАДАТА НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА И EUROPE HOUSE ГО ПОСЕТИЈА SUPPORT KOCANI

јуни 9, 2025
1 минути

Денес волонтерите од Сапорт Кочани остварија средба со претставници на Кралството Шведска и Europe House каде тема на разговорите беше трагедијата што пред неполни три месеци го потресе не само Кочани, туку и поголемиот дел од регионот. Се разговараше за повредените на кои сега и те како им е потребна помош на нив и на нивните семејства околу понатамошното  лекување, а беа отворени уште неколку прашања.

„Денес не посетија претставници од амбасадата на Кралството Шведска и Europe House. Договорено е Кочани да биде домаќин на седумчлена делегација од Гетеборг кои ќе го пренесат своето искуство од слична трагедија – пожар во дискотека што и во нивното општество оставило вакви длабоки траги“ беше објавата на страната на Support Kocani.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ