РАБОТИЛНИЦА И ИЗЛОЖБА НА ОРИГАМИ

мај 14, 2025
0 минути

Како дел од Годинешната програма на НУЦК „Бели мугри“ од Кочани а со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, во Петок (16.05.2025 година) под Менторство на Александар Богданов а со почеток во 10:00 часот ќе започне реализација на Проектот „Изработка и изложба на Оригами“.

Во малата сала во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани ученици од основните училишта од Кочани ќе започнат со изработка на Оригами кои истиот ден во 14:00 часот  ќе бидат изложени во „Салон Фоаје 1“.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните две седмици.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ