Денес во „Паркот на револуцијата“ во Кочани беше реализиран најавениот „Велигденски ликовен перформанс“ кој го организираше НУЦК “Бели мугри” – Кочани.

Освен ученици од училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани на перформансот беа вклучени и талентирани ученици од локалните основни училишта.

Настанот имаше за цел да ја поттикне креативноста кај младите, да ја промовира ликовната уметност и да создаде инспиративна атмосфера преку заедничко творење во духот на Велигденските празници.

Преку овој перформанс, учениците имаа можност јавно да ги изразат своите идеи, вештини и уметнички талент.

Изработените цртежите од вештите рачиња на учениците со големо внимание ги следеше Александра Димитрова -стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
