РЕАЛИЗИРАНА АКЦИЈА ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ КУЧИЊА СКИТНИЦИ

декември 2, 2022
1 минути

Денеска, на подрачјето на општина Кочани се спроведе акција за заловување кучиња скитници – на повеќе локации каде тие беа затекнати, како и на локации по претходни барања од жители на општината.

Заловувањето го спроведоа стручни екипи од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, врз основа на претходно склучен договор за услуги со КЈП „Водовод“ – Кочани.

По заловувањето на кучињата ќе се врши вакцинација со сите вакцини кои се предвидени со Законот и Правилникот за благосостојба на кучиња скитници и тие ќе бидат кастрирани.

Општина Кочани апелира до граѓаните своите домашни миленици да ги шетаат со заштитна маска и согласно Законот за јавна чистота, да носат со себе ќеси и да ги собираат фекалните остатоци што милениците ги оставаат на јавните површини, како и одговорно да се грижат и да не ги оставаат без нивен надзор.

Општина  Кочани