Утре (Среда) со почеток во 12:00 часот во Хотел „Амор“ ќе се одржи регионалниот форум „Можности и пристап до финансии – битен фактор за женско претприемништо” кој се одржува во рамки на проектот Националната платформата за женско претприемништво кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.
Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја.
Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
На форумот свое обраќање ќе имаат:
Модератор – г-ѓа Ирена Мирчовска Локален координатор на Национална платформа за женско претприемништво во Источен плански регион
Г-дин Љупчо Папазов – Градоначалник на општина Кочани
Г-ѓа Валентина Дисоска –Претседател на Здружение на Бизнис жени и Националната платформа за женско претприемништво Претставник од ЕУ делегација – (tbc).
Г-ца Елена Блажевска – Здружение на бизнис жени, проект координатор на Националната платформа за женско претприемништво.
Г-ѓа Зујица Ангелова – Директор на Центар за развој на Источен плански регион
Г-ѓа Јасминка Пашалиска – Андоновска – Координатор на Програма за зачувување на природата на Македонија, Претседател на ЛАГ Малеш-Пијанец, Претседател на НВО „Амброзија“ – Пехчево
Г-ѓа Јанка Димитрова –Универзитетски професор – Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Г-ѓа Александра Кирилова – Директор на фондацијата “Прогресив Академија“ од Виница.
Г-ца Биљана Митева –Управител – „Екопроект-Ко“ ДОО Кочани