РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ, ТРКАЊЕ И ПРИБАЧЕВО

јули 9, 2025
0 минути

Деновиве заврши реконструкцијата на неколку улици во Кочани и во населените места Тркање и Прибачево.

Реконструиран е дел од улицата „Мите Јорданов“ во селото Тркање, во должина од 200 м, ширина 3, 5 м, со банкини од двете страни.

Рехабилитиран е и крак од улицата „Четврта македонска бригада“ во Кочани, во должина од 170 м, ширина 3 м.

Заврши реконструкцијата и на дел од улицата „Сребрен Димитров“ во Прибачево,  должина 250 м, ширина 3 м.

Градежните работи ги изведе „Стоименов“, според договорот за асфалтирање улици во Општина Кочани, со средства обезбедени од општинскиот буџет во износ од 3.240.435 денари.

„По реконструкцијата на овие улици, наредната седмица очекуваме да почнат работите на улицата „Цар Самоил“ во Кочани, којашто е во исклучително лоша состојба. На следната седница на Советот, доколку се усвои ребалансот на Буџетот ќе бидат наменети средства за нови подобрувања во патната инфраструктура на локално ниво“ најави в. д. градоначалникот Венко Крстевски.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ