РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ ГИ ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-17

Во Спорт
мај 22, 2025
1 минути

Репрезентативците на Македонија  во борење ги започнаа подготовките за Европското Првенство У-17 кое ќе се одржи од 09 до 15 Јуни. Во Скопје.

Најпрвин со подготовките започнаа девојчињата. Откако имаа неколку подготвителни натпревари со соодветната репрезентација на Косово како гости, експедицијата се префрли во Охрид каде ќе се подготвуваат се до почетокот на Европското првенство.

Нешто подоцна подготовките ги започнаа и момчињата. Тие комплетните подготовки до стартот на Европското Првенство ќе ги реализираат во Радовиш каде ги имаат сите оптимални услови, за несметано работење. Во Радовиш нашите репрезентативци се подготвуваат заедно со нивните врсници од Репрезентацијата на Република Бугарија. Со двете репрезентации во Радовиш работат тренерите Јасим Резелари и Мики Тодоров како и Маријан Недко од Бугарија.

Периодот од близу еден месец подготовки е доволен борачите и во машка и во женска конкуренција добро да се подготват а и секако да атакуваат за освојување на медали.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ