Ротари клуб Кочани – Виница донираше современ апарат KOBA Vision Vokatex Standard во Здружението на слепи лица во Штип.

Овој напреден уред претставува читач и зголемувач на текст со говорна функција, која овозможува лицата со оштетен вид да читаат книги, документи и списанија или да ги слушаат преку гласовна репродукција

Нашата мисија е јасна, да помагаме таму каде што е најпотребно и да создадеме општество со еднакви можности за сите.
Оваа донација е реализирана од Ротари Клуб Кочани – Виница во партнерство со LetzCare и Ротари Клуб – Штип.
Благодарност до сите кои придонесоа оваа иницијатива да стане реалност.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
