РОТАРИ КЛУБ КОЧАНИ-ВИНИЦА, ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ И ИНКЛУЗИЈА

февруари 5, 2026
1 минути

Ротари клуб Кочани–Виница денес реализираше значајна донација на стационарен уред за зголемување и читање – Optelec ClearView и лаптоп ASUS за Здружението на слепи лица од Кочани, со што се отвораат нови можности за лицата со оштетен вид во нашиот регион.

Оваа опрема има исклучително големо значење, бидејќи станува збор за прва ваква современа и специјализирана опрема во овој дел од Македонија, која ќе биде постојано достапна за користење во просториите на здружението. Здружението брои околу 120 членови, кои досега немаа можност на едно место да користат ваква напредна технологија.

– Optelec ClearView е професионален уред кој овозможува зголемување и јасно читање на текстови, документи, сметки, книги и други материјали, што значително ја зголемува самостојноста, сигурноста и достоинството на лицата со оштетен вид. Голема благодарност за помошта од LetzCare i Safet Alili .

– Донираниот лаптоп ASUS ќе биде опремен со специјализирани софтвери за слушање и учење букви и зборови, читање книги, аудио-едукација, користење интернет и секојдневна комуникација, со што се создаваат услови за образование, личен развој и активно вклучување во општеството.

Оваа донација не е само техничка поддршка, туку инвестиција во знаење, независност и човечко достоинство. Таа претставува јасна порака дека лицата со оштетен вид не смеат да бидат оставени на маргините, туку заслужуваат современи услови и еднакви можности.

Ротари клуб Кочани–Виница ќе продолжи да работи на проекти кои оставаат трајна вредност и носат реални промени во локалната заедница, водени од хуманост, солидарност и одговорност.

Ротари клуб Кочани–Виница

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ