Со големо задоволство споделуваме дека Ротари клуб Кочани‑Виница, по сопствена иницијатива, денес реализираше донација за Детската градинка „Детелина“

Донирани се 7 сета детски мебел – 7 маси и 28 столчиња, наменети за најмалите, со цел да им се овозможи поудобен, побезбеден и поубав престој во оваа установа .
На денешната средба беше договорено соработката да продолжи и во наредниот период, при што како клуб се обврзавме и понатаму да помагаме таму каде што има потреба.

Ова е прва донација за новата градинка, и од срце ѝ посакуваме успешна работа и насмеани, безгрижни денови за дечињата
Бевме пречекани исклучително топло и пријатно – благодариме за убавата атмосфера и гостопримството.
Заедно – за подобро детство.

Ротари клуб Кочани‑Виница,
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
