Во рамките на реконструкцијата на левата лента од десниот крак на улицата „Тодосија Паунов“ денеска се поставува новиот асфалтен слој.
Потегот опфатен со реконструкција е со ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри, спроти Полициската станица во Кочани.
Со градежните активности на улицата „Тодосија Паунов“ се заменети пет канализациски шахти и два сливника.
Работите ги изведува фирмата „Стоименов“ од Кочани, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ