СЕ СПРОВЕДУВА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ ВО ГРАДОТ

декември 14, 2025
0 минути

Со цел да се подобри степенот на јавната чистота, во текот на викендот екипи на КЈП „Водовод“ – Кочани спроведоа акција за чистење на улиците и тротоарите низ градот. Активностите беа насочени кон јавни површини на коишто подолг период немало континуирано одржување и собирање на отпад.

Координирани од градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев, екипите го исчистија потегот од Стришанска чешма кон Белското Маало, како и потегот од Џамијата кон Бавчалукот, долж улицата „Гоце Делчев“.

Градоначалникот Грозданов нагласи дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период.

Одржувањето на јавната чистота е наша заедничка одговорност. Општината и комуналните служби ќе продолжат со редовни интервенции, но апелирам и до граѓаните со совесно однесување да придонесат за почисто и поуредно Кочани – повикува Грозданов

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ