Во организација на Карате Клуб „Олимпик“ од Скопје а со техничка организација на Карате Федерацијата на Македонија во неделата во салата Јане Сандански во Скопје се одржа Мегународен Карате Турнир ” Олимпик Опен 2026″.

На турнирот настапија повеќе од 1000 натпреварувачи од околу 70 клубови од Македонија како и од Бугарија, Србија, Грција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Карате Клуб „Партизан“ од Кочани на турнирот настапи со 10 натппреварувачи сите во категоријата „Кумите“ ( Борби) кои освоија 6 медали од кои 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Златните медали ги освоија Алексија Данева кумите, генерација 2015 год ( +44 кг) и Јордан Иванов кумите генерација 2015 год (+50 кг). Двете сребрени медали се најдоа на градите на Божјидар Трајчев во категоријата Кумите, генерација 2013 год (до 40 кг) и во категоријата Кумите, генерација 2013 год (до 45 кг) –додека бронзените недали ги освои Јован Арсов во категоријата Кадети кумите ( + 70 кг) и во категоријата Кумите Јуниори ( +76 кг)

Од клубот изразија задоволство и голема благодарност до сите нивни натпреварувачи кои настапија на турнирот.

Овој турнир претставува еден вид подготовка за Државното првенство за деца на возраст од 10 до 13 години што ке се одржи на 18 04 2026 година а ке биде и изборно за состав на Репрезантацијата на Македонија за настап на Балканското Првенство.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
