СО 2,01 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

октомври 28, 2025
1 минути

На 27.10.2025 во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,01 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управвуање со моторно возило“.

Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ