Клубот за планинарски спортови Москито – Кочани ден 22.02.2024 имаше годишно собрание. На собранието е прикажана годишната сметка на клубот која истата ке биде доставена и во собранието на град Кочани. Исто така беше донесен и план за идните акции кои се од клубски карактер, а за отворените акции ќе има навремено известување за сите заинтересирани.
Активности за 2024та година на КПС Москито – Кочани:
- Да се домаркира патеката „ГАЛАБО“ со поставување на патокази;
- Планинарска акција за сите заинтересирани „Родители со деца“ (Врв Панагур на Пониква);
- Дурмитор, Црна Гора;
- Пелистер;
- Ботев врв Бугарија кај Пловдив (највисок на стара планина);
- Хижа Македонија, Мал и голем мечкин врв преку Ски центар картала;
- Проклетие Маја Езерце Албанија;
- Кораб традиционалното;
- Кајмакчалан од грчка страна;
- Кањонот Камник;
- Миџор Србија;
- Олимп;
- Лешница со Кривошија;
- Како експедиција за 24та како предлог се Доломити и Јулијски алпи.
Со почит,
КПС МОСКИТО – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ