СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ЈА ОДРЖИ 49-ТАТА СЕДНИЦА

јули 25, 2024
1 min read

В понеделник, 29 јули 2024 година, со почеток во 15 ч., во салата на катот во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 49. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:

  1. Предлог-одлука за давање финансиска помош на Борачки клуб „Спартак“ – Кочани
  2. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2025 година
  3. Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2025 година
  4. Годишен план за вработување на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ за 2025 година
  5. Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ за 2025 година
  6. Годишен план за вработување на ООУ „Раде Кратовче“ за 2025 година
  7. Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ за 2025 година
  8. Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани за 2025 година
  9. Предлог-решение за именување член во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Виница
  10. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за II квартал од 2024 година
  11. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година во периодот од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година.
  12. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
  13. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година
  14. Збирен извештај – Елаборат за процена на штета од природните непогоди – поплава што го зафати подрачјето на општина Кочани на 25.06.2023 година и град на 23.07.2023 година
  15. Предлог-решение за именување членови на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Кочани
  16. Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани
  17. Предлог-одлука за формирање Локален економско-социјален совет на Општина Кочани
  18. Предлог-одлука за давање согласност за организирање продолжен престој на ученици од I до III одделение во ООУ „Раде Кратовче“ –Кочани
  19. Предлог-одлука за давање согласност на договор за доделување на средства по основ на спонзорство.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ