„СПОДЕЛИ РАДОСТ“ – ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО КОЧАНИ

април 13, 2023
1 минути

Во пресрет на најголемиот христијански празник, под мотото „Сподели радост“, денеска во Градскиот парк се одржа претпразнична програма и Велигденски базар.

На Велигденскиот базар учествуваа учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“, кои продаваа свои изработки и собраа 42.000 денари, средства што ќе бидат наменети за детските содржини од Велигденскиот хепенинг.

Пред многубројната публика во Градскиот парк, во културно-забавната програма настапија деца од Приватната детска градинка „Амичи“, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ и ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“, СОУ „Љупчо Сантов“, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“.

Велигденскиот хепенинг го одбележува големото црвено јајце, декорација изработена  од учениците и менторите од машинската струка од СОУ „Гошо Викентиев“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ