Станарите кои се вселија во двете нови згради лоцирани на улицата „Димитар Влахов“ во непосредна близна на обложувалницата „Моцарт“ изминатите неколку месеци мака мачеа со паркирањето на своите возила и со влегувањето во становите.
Но набргу за нив сето тоа ќе биде минато. Имено деновиве се работи за подготовка на улицата која ќе биде до задниот дел на зградите а според просторот ќе имаат и место каде да ги паркираат своите возила.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ