СТАРТУВА ПРВЕНСТВОТО ВО ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ

Во Спорт
август 15, 2025
0 минути

Во викендот што доаѓа се крева завесата на новото првенство во Прва Фудбалска Лига за жени.

Со 13 победи, и еден нерешен резултат и гол разлика +88 екипата на ЖФК „Кочани“ сосема заслужено го освои првото место во Втората Фудбалска Лига за жени, и по две сезони како второлигаш повторно ќе биде дел од прволигашкиот караван.

„Не очекува тешка задача во новото првенство, Имаме млада екипа со неколку искусни поединци што мене како тренер сепак ми влева надеж за добри игри и добри резултати. Добро за екипата е што главните играчи од минатото првенство како што се Афродита Салхи, Кате Милеска и Ангела Стојковска останаа. Во преодниот рок ги ангажиравме Ивона Бангиева, Марија Велиновска, Ерика Зафировска и Јана Ацковска кои со играчите од нашиот младински погон  треба да преставуваат една стабилна целина. Се надевам дека ќе ја оствариме зацртаната цел и дека на крајот од првенството ќе се најдеме на средината на табелата“ беше изјавата на Оливер Јовановски – шеф на Стручниот штаб на ЖФК „Кочани“.

Во првото коло од годинешното првенство екипата на „Кочани“ и гостува на екипата на „Скопје 2014“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ