Ознака: акција-чистење
АКЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ХИГИЕНАТА НА ПОТЕГОТ ОД ФАБРИКА „РУЕН“ ДО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“
Екипи на КЈП „Водовод“ реализираа акција за подобрување на јавната хигиена на потегот од фабриката „Руен“ до СОУ „Гошо Викентиев“. Во рамките на акцијата се чистеа јавни површини и се отстрануваше насобраниот отпад и обраснатото зеленило по рабниците на тротоарите долж овој фреквентен дел од градот. Акцијата е дел од континуираните активности за подобрување на…
СЕ СПРОВЕДУВА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ ВО ГРАДОТ
Со цел да се подобри степенот на јавната чистота, во текот на викендот екипи на КЈП „Водовод“ – Кочани спроведоа акција за чистење на улиците и тротоарите низ градот. Активностите беа насочени кон јавни површини на коишто подолг период немало континуирано одржување и собирање на отпад. Координирани од градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и…
ИСЧИСТЕН ПРОСТОРОТ ОКОЛУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ
КЈП „Водовод“ денеска брзо интервенираше со чистење на уште една проблематична локација во Кочани, веднаш зад Агенцијата за вработување. Просторот, кој беше загаден и целосно обраснат со вегетација, се наоѓа во близина на Заштитната работилница на „Руен“. Акцијата беше реализирана по сугестија на советничката Благица Сабовљевиќ Стоименова, со што се подобрени условите и уредениот изглед…
ОТСТРАНЕТ ОТПАДОТ ПОД БУЛЕВАР „ТОДОСИЈА ПАУНОВ“
Комуналните екипи на КЈП „Водовод“ спроведоа брза акција за отстранување на поголема количина отпад под потпорниот ѕид на булеварот „Тодосија Паунов“, во близина на Железничката станица. Со навремената интервенција беше исчистен просторот кој често е изложен на несоодветно исфрлање смет. Покрај тоа, службите работеа и на уредување на влезниот дел од Градската капела, каде што…
НОВИ АКЦИИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ ВО ТРАЈАНОВО ТРЛО И ВО РОМСКОТО МААЛО
КЈП „Водовод“ денеска спроведе акции за чистење на нови диви депонии во населбата Трајаново Трло, на потегот над детското игралиште и на неколку локации во Ромското Маало. Интервенцииите опфатија отстранување на различни видови отпад во огромни количини, исфрлен непрописно. Ова се локации што често се загадуваат и покрај редовните реакции и зголемениот ангажман за одржување…
КЈП „ВОДОВОД“ СО ПОВТОРНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КОНТЕЈНЕРИТЕ КАЈ АСНОМ
Комуналните служби на Општина Кочани и екипите на КЈП „Водовод“ континуирано се соочуваат со сериозни предизвици во одржувањето на јавната чистота. И покрај редовното празнење на контејнерите и отстранувањето на комуналниот отпад, за само еден ден тие повторно се полнат – честопати и со големи количини градежен и кабаст отпад кои се оставаат на јавните…
ИСЧИСТЕН ОТПАДОТ ВО КРУГОТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ЗГРАДИ ВО НАСЕЛБАТА БЕЈРУТ И КАЈ ПАНАЃУРОТ
Огромни количини комунален и кабаст отпад насобран околу контејнерите и во околината на социјалните згради во населбата Бејрут денеска беше отстранет со помош на механизација. Вработени од КЈП „Водовод“ и општинските комунални служби, неколку часа интензивно работеа на изнесување на отпадот. Исчистените површини беа испрани со млазови вода, по што состојбата и во овој дел…
ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО И УРЕДУВАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ И НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Деновиве продолжуваат активностите за чистење и уредување на јавните и на зелените површини во Кочани. Искосен и уреден е обраснатиот кеј во коритото на Кочанска Река како и пешачките патеки во околината на месноста Бавчалук. Теренски активности за собирање на натрупан смет се спроведоа во новиот комплекс згради во населбата Текешински Лозја. Комуналните служби апелираат…
ОТСТРАНЕТ ОТПАДОТ ВО БЛИЗИНА НА ФАБРИКАТА ЗА ВОДА ВО КОЧАНИ
Активностите за расчистување на отпадот на јавните површини во Кочани денеска продолжија со отстранување на мини-депонијата создадена на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода во Кочани. Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“, со помош на механизација го отстрани насобраниот отпад, а лицата за одржување на комунална хигиена ги чистеа остатоците на овој…
ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ
Комуналните служби ги продолжуваат активностите за чистење и одржување на хигиената на јавните површини во Кочани. По отстранувањето на малите депонии на повеќе локации во централното градско подрачје, денеска теренски работни активности се спроведоа на улиците „Роза Петрова“ и „Димитар Влахов“, каде што се чистеа рабници, се собираше смет, насобран отпад по улиците и се…
- 1
- 2
