Ознака: денови на оризот

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ“,  34  ИЗДАНИЕ

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“, 34 ИЗДАНИЕ

Годинашново, 34. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ беше симболично одбележување на жетвата на оризовата култура. На оризова нива на Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и младинци, членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари учествуваа во приказот на обичајот зажнејување. Со благослов за успешно собирање на родот од оризовите…

ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ  2025  –  СИМБОЛИЧНО  ИЗДАНИЕ

ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2025 – СИМБОЛИЧНО ИЗДАНИЕ

В недела, 5 октомври 2025 година, со почеток во 10 ч., ќе се одржи симболично издание на традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, којашто ја организира Општина Кочани. На нива кај Институтот за ориз, претставници на Здружението на пензионери – Кочани и на членови на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари ќе го прикажат обичајот зажнејување….

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ – 2024“- ФОЛКЛОРЕН  КОНЦЕРТ

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“- ФОЛКЛОРЕН КОНЦЕРТ

На фолклорниот концерт што се одржа на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, во чест на оризот – кочанското бело злато, настапија пет фолклорни состави, гости на годинашнава манифестација „Денови на кочанскиот ориз“: КУД „Медвеѓа“ од Медвеѓа, Трстеник, Србија; ФА „Напрафоргок“ од Сигетсентмиклош, Унгарија; ФА „Бијела“ од Бијела, Херцег Нови, Црна Гора; Ансамблот…

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ – 2024“ – ЗАЖНЕЈУВАЊЕ  И  ВРШИДБА  НА  ГУМНО

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“ – ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО

На нива во атарот на Оризари, во присуство на гости од земјава и странство, дипломатски и високи државни претставници, членови на домашни и гостински фолклорни друштва, беше прикажан обичајот зажнејување на ориз. Со срп, жетварски песни, благослови за добар род и здравје, во традиционалната жетва учествуваа членовите на Здружението на пензионери од Кочани, заедно со…

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ – 2024“,  ОТВОРЕНА  ИЗЛОЖБА  „СВ.  ПАНТЕЛЕЈМОН“

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“

Во склоп на активностите од 33. Издание на „Денови на кочанскиот ориз“ беше отворена ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ 2024. Ликовните дела беа насликани месецов на Пониква од страна на младите сликари, а под менторство на академскиот сликар Александра Димитрова. Градоначалникот ги поздрави младите уметници, им честиташе за нивните прекрасни дела и им додели благодарници. Ликовната…

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ – 2024“,  ПРАЗНИЧНО  ДЕФИЛЕ

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРАЗНИЧНО ДЕФИЛЕ

Во центарот на Кочани, на потегот од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата се реализира Празнично дефиле на ансамбли, институции и здруженија од Кочани. Целта е пред граѓаните на Кочани да се претстават членовите и видовите активности што се реализираат во нашиот град. На дефилето учествуваат и фолклорните состави, гости на овогодишната манифестација „Денови на…

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ– 2024“,  МАРИЈА  СТАМЕНКОВА  –  ЖЕТВАРСКА  УБАВИЦА

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ– 2024“, МАРИЈА СТАМЕНКОВА – ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА

Марија Стаменкова е овогодишната жетварска убавица – таа ги освои гласовите на жирито на изборот што синоќа, пред многубројната публика, се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани. Прва придружничка на жетварската убавица е Мартина Костадинова, а втора – Ивона Ефтимова. Девојките ќе учествуваат во претставувањето на обичајот зажнејување на ориз, на 29 септември, на нива во…

„ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ  –  2024“,  ПРИЕМ  НА  ГОСТИНСКИТЕ  ДЕЛЕГАЦИИ  И  АНСАМБЛИ

„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ – 2024“, ПРИЕМ НА ГОСТИНСКИТЕ ДЕЛЕГАЦИИ И АНСАМБЛИ

Синоќа, на Споменикот на слободата во Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов приреди прием за делегациите, гости на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Триесет и третото издание на манифестацијата ќе го следат делегации од општините Никшиќ, Република Црна Гора; Перник, Република Бугарија; Нови Кнежевац, Република Србија; Сигентсетмиклош, Република Унгарија и Грачаница од Босна и…

В  ПЕТОК  ЗАПОЧНУВА  33.  МАНИФЕСТАЦИЈА  „ДЕНОВИ  НА  КОЧАНСКИОТ  ОРИЗ“

В ПЕТОК ЗАПОЧНУВА 33. МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ“

Триесет и третото издание на меѓународната манифестација „Денови на кочанскиот ориз – 2024“ ќе се одржи од 27 до 29 септември во Кочани и во Оризари. Прославата во чест на кочанското бело злато ќе собере делегации и фолклорни ансамбли од Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, а ќе биде награден најуспешниот оризопроизводител и…

ВЕЛОСИПЕДСКО  ДЕФИЛЕ  „ПО  ПАТЕКИТЕ  НА  ОРИЗОТ“

ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ „ПО ПАТЕКИТЕ НА ОРИЗОТ“

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност и Меѓународниот ден без автомобили денеска се одржа и велосипедската тура „По патеката на оризот“, на која годинава беа промовирани четири нови електрични велосипеди наменети за општинската администрација, што претставува пилот-проект од проектот „Зад урбаното“, финансиран од ЕУ-програмата URBACT. Традиционално, учесниците на овој настан возат на…