Ознака: в.д.градоначалник

КРСТЕВСКИ: НА ОБРАЗОВАНИЕТО МУ Е ПОТРЕБНА ИТНА ДЕПАРТИЗАЦИЈА, 90% ОД БЛОК-ДОТАЦИИТЕ ОДАТ ЗА ПЛАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ
На образованието му потребен квалитет, а тоа подразбира итна департизација и предност на стручноста и компетентноста кај наставниот кадар. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме ако сакаме младите да ги задржиме овде. За тоа треба да ѝ погледнеме на вистината в очи и оваа учебна година да се реализира со паралелки со…

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ БАРА НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ПРИОИЗНЕСАТ ОКОЛУ ПАРАЛЕЛКИ СО ПОМАЛ БРОЈ УЧЕНИЦИ
Градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски упати Барање здо Министерството за образование и наука како и до Државниот просветен инспекторат да извршат контрола во основните општински училишта и да проверете дали општинските основни училишта во Општина Кочани имаат формирано паралелки со помал број ученици. Во Барањето се вели: До Министерството за образование и наука Државен…

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ВЛАДИМИР ГРЧЕВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ПО ИНФОРМАТИКА
В.д градоначалникот Венко Крстевски оствари прием на талентираниот информатичар Владимир Грчев којшто во конкуренција од 96 натпреварувачи од цела Европа се закити со златен медал на Европската олимпијада по информатика одржана во Шумен, Република Бугарија. Талентираниот млад кочанчанец Владимир кој веќе има освоено бројни награди од национални и меѓународни натпревари по математика и информатика, уште…

ВЕНКО КРСТЕВСКИ НАЈАВИ НЕЗАВИСНА КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК
Актуелниот в.д. Градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски во текот на вчерашниот ден на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица ја истакна својата независна кандидатура за Градоначалник на Општина Кочани на претстојните Локални избори. Во своето обраќање Крстевски го потенцираше сето она што го сработил во изминатиот периот а обраќањето кон грачаните го заврши…

КРСТЕВСКИ НА СРЕДБА СО ИВАН ГЕОРГИЕВ – ЕДЕН ОД НАЈНАГРАДЕНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ОД КОЧАНИ
В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски оствари средба со Иван Георгиев, средношколец во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, кој минатата учебна година се врати со три државни награди од натпреварите по програмирање, физика и англиски јазик, беше пофален на Македонската олимпијада по информатика и се најде во 25-те средношколци – топ математичари на…

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ОБЈАВИ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО
Венко Крстевски објави отчет за стоте дена работа како вршител на должноста градоначалник на Општина Кочани. Во воведот, обраќајќи им се на своите сограѓани, тој потенцира дека првите 100 дена од мандатот како в. д. градоначалник покажуваат дека Кочани може и мора да оди напред. – Обезбедивме над 487 милиони денари за проекти, некои веќе…

ОТКАЖАНИ ДЕНЕШНИТЕ И УТРЕШНИТЕ МУЗИЧКИ НАСТАНИ КАКО ДЕЛ ОД ПЕТРОВДЕНСКАТА ПРОГРАМА
Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што наша обврска е да се грижиме…

ОБРАЌАЊЕ НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ЗА ПРЕТСТОЈНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕН – ПРАЗНИКОТ НА КОЧАНИ
По реакциите на дел од граѓаните за програмските содржини по повод претстојниот Празник на градот – Петровден, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски упати писмено обраќање до јавноста. Драги сограѓани, Сите ја носиме болката од несреќата што нè погоди. Но, време е да се собереме и не бегаме еден од друг! По разговори…

ОБРАЌАЊЕ НА В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ВЕНКО КРСТЕВСКИ ВО ВРСКА СО ПРОГРАМАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПРАЗНИКОТ ПЕТРОВДЕН
Драги сограѓани, Сите ние, жителите на Кочани, го носиме товарот на трагедијата што нè погоди. Загубата на 62 млади животи во пожарот во „Пулс“ е болка што не може да се опише со зборови. Тоа е рана што сè уште крвави во нашите срца, во нашите семејства, во нашата заедница. Секој од нас ја чувствува…

ОПШТИНА КОЧАНИ ИМА АПЛИЦИРАНО ЗА МЕРКАТА НА ВЛАДАТА ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЛИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ПОЖАРИ
„Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен“ соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното. „Ја поздравувам оваа пилот-мерка…
- 1
- 2