Ознака: жфк кочани
СЕДМИ ПОРАЗ ЗА ЖФК „КОЧАНИ“
После тешката повреда на најдобриот играч на ЖФК „Кочани“ Афродита Салихи, девојчињата на „Кочани“ никако да се соземат. Во рамките на 8-то коло во Струмица го претрпеа и седмиот пораз во првенството и се заковаа за последното место на табелата. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски на натпреварот против екипата на „Брера Тиверија“ загубија, но сепак…
ВТОРА ОСМИЦА ПО РЕД ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА ОД КОЧАНИ
За време на викендот се одиграа четири од закажаните пет натпревари во Прва Фудбалска Лига. Постигнати се 22 погодока или 5,5 по натпревар што значи дека се играл ефикасен фудбал. Најефикасно беше во Македонска Каменица каде домаќинот „Каменица Саса“ со головите на Димитровска (10’45’68’90’), Фрагосо (37’58’), Шопска (57’) и Јовановска (82’) убедливи со резултат 8:0…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВИСОК ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ
Се одиграа петте натпревари од 6-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ како домаќин е високо поразена од „Истатов“. Гостинките беа далеку подобар противник и со погодоците на Шемсовиќ во 6’48’, Петрушевска 31’56’58’, Чонева 32’, Јосевска 75’ и Нановска 86’ заслужено славеа со 8:0 (3J. За разлика од гостинките играчите на…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО КОЧАНИ ФАВОРИТОТ СПАСУВАШЕ БОД
Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. На петте натпревари постигнати се 26 погодоци или просек по 5,2 по натпревар. Во Кочани истоимениот клуб дојде до првиот бод по враќањето од второлигашкото друштво. Кочанчанки на двапати водеа против изразитиот фаворит но девојчињата од „Ас Јунајтед“ на двапати го израмнија резултатот…
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВТОР ПОРАЗ ЗА КОЧАНЧАНКИ
Второ коло, втор пораз за младата екипа на Кочан. И денес се покажа дека разликата во квалитетот меѓу Првата и Втората Фудбалска Лига за жени е преголема. Ако кочанчанки во минатото првенство се прошетаа низ Втората лига, сега и во второто коло во Првата лига доживеала нов пораз. Денес кочанчанки се поразени како домаќинки од…
КОЧАНЧАНКИ СО ПОРАЗ ЈА ЗАПОЧНАА СЕЗОНАТА, НО НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА
Се одиграа натпреварите од првото коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Екипата на ЖФК „Кочани“ по две години пауза повторно се врати во највисокиот ранг од ова натпреварување и претрпе пораз на стартот од екипата на „Скопје 2014“. Домаќините се покажаа како подобра екипа во моментот и сосема заслужено славеа со 3:0 (1:0). Сепак…
ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ЈА ПРОСЛАВИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА
Со одигрувањето на ревијалниот натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа ЖФК „Кочани“ ја прослави Шампионската титула, односно освојувањето на првото место во Втора Фудбалска Лига за жени и обезбедување пласман во Првата Фудбалска Лига за жени во следното првенство. На долгогодишниот капитен на екипата Симона Веселинова и беше оддадено посебно признание која ја заврши својата…
ЖФК „КОЧАНИ“: ВО НЕДЕЛА РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР
Во Недела со почеток во 16.30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа на ЖФК “Кочани “– Кочани, На самиот натпревар освен што ќе се прослави освојувањето на шампионската титула во Втората Македонска Фудбалска Лига за жени, и официјално од активното играње ќе се…
АФРОДИТА САЛИХИ БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА ВО ТРКАТА ЗА НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ
Во неделата со одигрувањето на четирите натпревари се спушти завесата во годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ со 13 победи и само еден нерешен резултат и освоени 40 бодови е Шампион во лигата и од наредната сезона ќе се натпреварува во Првата Фудбалска Лига за жени. Гол разликата е импресивна,…
ЖФК „КОЧАНИ“ Е НОВИОТ СТАР ПРВОЛИГАШ
Со победата од 1:0 над второпласираниот „Вардар“ на гостински терен, девојчињата на ЖФК „Кочани“ со 13 победи и само еден нерешен резултат сосема заслужено ја освоија шампионската титула во Втора Фудбалска Лига за жени. Кочанчанки од следната сезона ќе се натпреваруваат во првата лига во која пред повеќе од десет години ја имаат освоено шампионската…
