ТППЕ КОЧАНИ ДОБИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО, ДОНАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

февруари 10, 2026
1 минути

Во кругот на ТППЕ – Кочани пристигна чешката донација, десеттонска цистерна „татра“ со погон на шест тркала и висока клиренс пумпа за вода од 760 кпс.

На настанот, на кој присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, градоначалникот Грозданов упати благодарност до Република Чешка за силната поддршка на Кочани.

„Особено сме благодарни што оваа поддршка доаѓа во еден исклучително тежок период за Кочани, кога како заедница сѐ уште се соочуваме со надминување на колективната болка и последиците од трагедијата што длабоко нѐ погоди. Ваквите гестови ни даваат сила, охрабрување и надеж дека не сме сами во напорите да ја обновиме довербата, безбедноста и чувството на сигурност кај нашите сограѓани“ рече Грозданов.

„Сметавме дека тоа е наша одговорност да ви помогнеме кога беше потребно. Знаеме што значеше оваа трагедија за Кочани, и се обидуваме да помогнеме како во медицинската така и во областа на противпожарната заштита. Јас во вашиот град не сум прв пат и убеден сум дека со новоизбраниот градоначалник ќе имаме поблиска соработка. Секако дека ова не е моја последна посета на Кочани“ изјави амбасадорот Јерослав Лудва.

Договорот за донација на противпожарно возило е во вредност од 7,94 милиони денари и претставува хуманитарна помош од Чешка за зајакнување на капацитетите за справување со вонредни состојби.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ