Пријатно започна и вториот ден во 2025 година. Група дечиња ги посетија домовите на наши сограѓани, со што не потсетија денес на вториот ден од годината за традицијата „јаренце козенце“
Како што ни кажаа повеќето не им ги отворале вратите, но други пак ќе им подаделе овошје, оревчиња, нешто спакувано и по некој денар а тие за возврат ќе ја испееја песната која од дамнина се пренесува од генерација на генерација.
Убаво е да се сочуваат и почитуваат традициите, бидејќи токму традициите се одликата на еден народ, на една вера.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ