Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани, пешачејќи 22 км, oд место викано Ајдар на Бела Река кон селото Небојани, сѐ до Главовица. Како и секоја година, со овој традиционален марш го посетија споменикот на првоборците од НОБ – Раде Кратовче и Љупчо Сантов, кој се наоѓа на падините на Осоговските Планини, во близина на селото Главовица.

Со длабока почит положија свежо цвеќе и се поклонија пред нивниот споменик, оддавајќи им чест и зачувувајќи го споменот на нивното дело.Овој марш се одржува по повод патрониот празник на училиштата „Раде Кратовче“ и „Љупчо Сантов“, во знак на почит и сеќавање на нивното дело.ж





ПСК „Осогово“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
