„ТРАГА ВО БЕСКОНЕЧНОСТА“ – ХУМАНИТАРНА ГРУПНА ИЗЛОЖБА ВО ЧЕСТ НА САРА ЈОРДАНОВА

февруари 23, 2026
1 минути

Во периодот од 27.02.2026 – 06.03.2026 во НУ Центар за култура “Бели Мугри” – Кочани ќе се одржи хуманитарна групна изложба во чест и спомен на Сара Јорданова чиј живот трагично згасна во пожарот во дискотеката на 16 март 2025 година.

Отворање на изложбата ќе се одржи на 27.02.2026 во 18:30 часот. Оваа изложба, организирана од фамилија Јорданови, е посветена на неа, на нејзината љубов, нејзината страст, желби и на се што таа претставува за нив.

Ќе бидат изложени повеќе од 130 дела на уметници од Кочани, Ресен, Прилеп, Скопје, Куманово, Берово, Виница, Штип и Лондон, вклучувајќи ги и делата на Сара и нејзината мајка Лидија Јорданова.

Делата на Сара претставуваат траен потсетник на нејзиното творештво и не се продаваат како оригинали, но со секоја донација посетителите можат да добијат нивна печатена репродукција. Донираните дела од другите автори се достапни за продажба. Со секое купено дело или произовлна донација се поддржува хуманитарната цел на изложбата.

Каталогот од изложените дела ќе биде достапен на лице место, а од денот на отворањето и на www.traga-vo-beskonecnosta.com. Средствата соберени од донациите се наменети за деца без родители.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ