Со одигрувањето на натпреварите од 18-тото коло денес и официјално се спушти завесата во Трета Фудбалска Лига – Исток за натпреварувачката 2024/2025 година.
Екипата на „Слога 1934“ од виница со 17 победи и само еден загубен натпревар заслужено ка понесе титулата Шампион во лигата и се избори за бараж натпревар за влез во Втората Фудбалска Лига.
Во денешното последно коло шамионот „Слога 1934“ без поголеми напори славеше како гостин во Свети Николе, „Карбинци“ и „Дојранско Езеро“не им дозволија да земат ниту бод на гостите додека на натпреварите во Турново, односно Берово немаше победник.
Резултати од 18-тото коло:
Хоризонт Турново – Тиверија 1:1
Малеш – Брегалница 1926 0:0
Овче Поле – Слога 1934 1:5
Карбинци – Светлост 3:2
Дојранско Езеро – Ударник 5:2
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ