Денес се одиграа четири од закажаните пет натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток. Натпреварот во Валандово каде лидерот на табелата „Победа“ требаше да игра натпревар со „Дојранско Езеро“ е одложен.
Екипата на „Ударник“ со победата на домашен терен опасно се ближи кон лидерската позиција, во Зрновци домаќинот „Светлост“ стигна до првиот бод а во Карбинци победа на домаќините. Единствено натпреварот во Делчево заврши без победник.
Резултати од 6-тото коло:
Карбинци – Малеш 2:1
Брегалница (Д) – Хоризонт Турново 2:2
Ударник – Рудар 3:0
Светлост – Овче Поле 1:1
Слободна беше екипата на Тиверија
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ