ТРЕТА СЕДМИЦА НЕ СЕ СОБИРА СМЕТОТ НА УЛИЦАТА „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО КОЧАНИ

септември 3, 2025
0 минути

Жителите од улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани се пожалија дека еве веќе трета седмица како надлежните служби од КЈП „Водовод“ не гобираат сметот на нивната улица.

На нивно барање ја посетивме улицата и се уверивме во веродостојноста на нивните изјаву, пред секоја врата смет, на тротоарите, смет, пред скалите кон „Споменикот на слободата“ смет и дел од сметот кој го расфрлаат кучињата скитници.

„Се надевам дека со свои очи видовте колку има смет на нашата улица. Непријатната миризба се шири од ќесите со смет кои еве веќе трета седмица нема никој од Водовод да дојде и да го собере. Уредно ги плаќаме сите давачки па и заслужуваме навреме да ни го собираат сметот“ беше изјавата на еден од житлите на улицата.

Во сабота по повод Празникот на Кочани делегации ќе го посетат и „Споменикот на слободата“ за да положат цвеќе, ако дотогаш не се собере сметот ќе има што да видат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ