УБИСТВО ВО КОЧАНИ – 59 ГОДИШЕН МАЖ СО ОСТАР ПРЕДМЕТ И НАНЕЛ УБОДНИ РАНИ НА 46 ГОДИШНА КОЧАНЧАНКА КОЈА ПОЧИНАЛА НА МЕСТОТО НА НАСТАНОТ

септември 25, 2023
0 минути

Денеска (25.09.2023) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани.

Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција.

По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ