УРЕДУВАЊЕ НА ВЕГЕТАЦИЈАТА ОКОЛУ СТОЛБОВИТЕ ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ВЛЕЗОТ ВО КОЧАНИ

февруари 25, 2026
0 минути

Екипи на Општина Кочани и избраниот изведувач за одржување на јавното осветлување „Електрика“, со поддршка од КЈП „Водовод“ и МВР, реализираат координирана акција за кастрење на вегетацијата околу столбовите за јавно осветлување.

Акцијата се спроведува на потегот познат како Зелен Појас, по улицата „Димитар Влахов“ до спојот со улицата „Павлина Велјанова“, каде што во изминатиот период обраснатите дрвја и гранки значително ја намалија ефикасноста на уличното осветлување.

Ослободувањето на светилките од обраснатите гранки ќе придонесе за непречено ширење на светлината и рамномерно и поефикасно осветлување на јавниот простор.

Надлежните информираат дека ваквата акција ќе продолжи и на други критични локации во Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ