„Добринишко културно лето“ е насловот на манифестацијата што се одржа викендов во Добриниште Р. Бугарија на кој учествуваа членовите од ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари. Членови на големата група од ансамблот задоволни се вратија од успешната турнеја во бугарскиот град каде што се претставија со повеќе ора – Водарки, Шопчето, На трипати и Крстачка.
Концертот се одржа во саботата на плоштадот во „Добриниште“ Р. Бугарија каде што освен домаќините и членови на ансамбли од други градови од Р. Бугарија настапија членовите од ФА „Љупчо Сантов“. Публиката беше воодушевена од нивниот настап, а на крајот од фестивалот ФА „Љупчо Сантов“ доби и диплома и плакета за учество.
На „Добринишко културно лето“ настапија ансамбли од Бугарија, како и домаќините од Добриниште. Заедничката соработка меѓу ансамблот „Љупчо Сантов“ и „Добриниште“ продолжува и понатаму. Се очекува бугарскиот ансамбл да земе учество на манифестацијата „Ѓурговденски обичаи, песни и ора“ што за празникот Ѓурговден го организира ФА „Љупчо Сантов“.
Фолклористите го искористија убавото време и да прошетаат во Банско како и да уживаат во топлите базени што ги нуди бугарскиот град. Концертот традиционално заврши со големо оро на кое се фати и публиката.
ФА „Љупчо Сантов“ Оризари
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ