УТРЕ (ПЕТОК) 20 ИЗДАНИЕ НА „ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР“

Во Спорт
јуни 23, 2022
0 минути

Утре (Петок) со почеток во 19:00 часот на заградените терени во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ на програмата е 20 издание на „Петровденски фудбалски турнир“ во мал фудбал.

Иако при ждребувањето во групите беа извлечени 15 екипи сепак турнирот ќе го играат 14 екипи бидејќи екипата на „Филип“ која беше во групата „А“ го откажа своето учество.

Турнирот започнува во 19:00 часот со натпреварот од „А“ групата „Џинџер“ – „Пјаца“, додека во 20:00 часот се игра натпреварот од групата „Г“ „Еволушн“ – „АНТ Градски“.

Пред првиот натпревар закажано е свечено отворање на турнирот.

На барање на екипите едно од правилата за настап се променети, наместо 4+1 екипите од организаторите побараа да се игра 5+1 што беше прифатено.

С. Ивановски