Фолклорниот ансамбл „Александар Турунџев“ од Кочани кој се наоѓа на пет дневна турнеја во градот Фетие во Турција величествено беше претставен за време на одржувањето на Меѓународниот фолклорен фестивал.
На фестивалот учествуваат ансамбли од десет држави а дваесетина членови на ФА „Александар Турунџев“ од Кочани достојно го претставуваат Македонскиот фолклор и култура.
За време на церемонијата на свеченото претставување водителот ги претстави нашите претставници како што доликува што наиде на овации од присутните.
При најавата водителот на програмата рече: „Вечерва со нас се присутни и претставниците на Македонија од Кочани. Она е држава од Балканот, она е душа, она е срце, она е бисер балкански. Она е само Македонија, не е северна“.
С. Ивановски